Бидете дел од организација во која вашиот труд е вреднуван

Најтешка задача на современиот човек е воспоставување баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, а најскап ресурс денес е времето. Многумина од нас секојдневно заглавуваат на работните места дури и повеќе од осум часа. Дома се враќаме уморни, без волја и желба да му се посветиме на семејството и пријателите, без страст да работиме на нашето хоби. Постојано се соочуваме со недостиг на пари. И недостиг на време.

Во идеален свет, секој од нас би избрал да работи на работно место на кое сам ќе го планира работното време и работните обврски. Пропорционално на тоа, би избрале добра награда за нашиот труг. Многумина од нас ќе паднат уште на првиот чекор: сами да си ги избереме работните задачи и да си го организираме работното време. На почеток, секому му е потребна мала помош и поттурнување кон врвот.

Затоа тука е Protector, платформа за личен развој, со докажани професионалци во областа во која работат. На почетниот семинар добивате инструкции кои ќе ви помогнат за точно дефинирање на вашите работни задачи, планови и цели. Добивате ментро, кој секогаш е достапен да ви помогне во реализација на вашите планови.

Платформата Protector претставува одлична кариерна можност во која може да работите на вашиот личен раст и развој, да изградите сопствен тим, да созадете сопствена мрежа од контакти кои ќе ви користат на повеќе животни полиња. Во Protector имате можност да се најдете на двете страни: да бидете член на нечиј тим и да бидете лидер на својот тим.

Во Protector вашиот труд е реално вреднуван. Како што чекорите нагоре по кариерната линија, така расте и вашата заработка. Вашиот напредок зависи исклучиво од вашиот вложен труд. Доколку сте заинтересирани за ваква кариера, пополнете го овој прашалник, а ние ќе ве контактираме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.