Наши Партнери

Vienna Insurance Group (VIG), осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 25 илјади вработени и со полисирана премија во висина од повеќе од 10 милијарди евра за 2019 година.

Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.

Winner Life во Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби.

Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Осиигурување Македонија АД – Vienna Insurance Group претставува симбол за осигурување, доверба, безбедност и финансиска стабилност.

Осигурување Македонија АД е прва осигурителна компанија во земјата. Постои од 1945 година и низ годините беше позната како ДОС, Зоил и Кјуби Македонија.

Денес, Осигурување Македонија АД е дел од групацијата Vienna Insurance Group – успешна економска групација.

Она што ја прави оваа компанија различна од другите е: искуството и експертизата; квалитетното осигурително покритие, навремена исплата на обврските кон осигуреникот.

Македонија Осигурување АД работи од областа на неживотното осигурување за физички и правни лица. Нуди осигурителни продукти во областа на осигурувањето на имот, осигурување на лица од несреќен случај, осигурување на моторни возила, транспортно осигурување, осигурување од одговорност и патничко осигурување.