Не дозволувајте животот да управува со Вас, управувајте Вие со својот живот!
За нас
Долгогодишното искуство во посредување на договори за осигурување ја начна идејата за основање на Друштвото за застапување во осигурување ПРОТЕКТОР АД. Протектор настапува на пазарот со свои иновативни идеи за создавање нови продукти во соработка со осигурителните компании со единствена цел – осигуреникот да е сигурен од секој аспект.
Нашето име ПРОТЕКТОР ја дефинира и нашата цел. Заштита на нашите клиенти и нивно постојано следење низ нивниот животен пат со соодветни производи и со првокласна услуга и сервис.
Во ценатарот на нашиот концепт се наоѓа човекот. Токму затоа бараме решенија кои на секого ќе му понудат соодветна финансиска потпора. Нашите клиенти добиваат бесплатен и сеопфатен преглед и анализа за актуелната финансиска состојба. Нашиот највреден капитал се нашите застапници. Ним им нудиме брз напредок во кариерата, поврзан со динамичен развој за заработка.
Зошто го правиме она што го правиме? Затоа што веруваме дека сите луѓе заслужуваат еднаков третман, квалитетен живот и најдобра вредност за парите и трудот. Како го правиме тоа? Со тоа што ги нудиме најдобрите пакети за осигурување на своите клиенти, а најдобрата кариера за нашите застапници. Преку што го правиме тоа? Преку иновативна платформа, која нуди можност за личен развој и тимска работа.
Протектор АД првенствено посредува во животното осигурување, но на клиентите им нуди и пакети од неживотното осигурување.
Продукти
Осигурувањето на живот претставува совршена комбинација на штедење и осигурување на осигурлив ризик. Истовремено претставува план за превенција за ризик и економска неможност. Животното осигурување е облик на обезбедување на заштита на осигуреното лице, како и лицата блиски нему, во случај на немил настан кој може да му случи.
Она што го прави особено примамливо животното осигурување е тоа што Вие сами одлучувате колку сакате да заштедите. Сами го креирате износот на осигурената сума која Ви дава сигурност во Вашето трето доба. Покрај тоа, животното осигурување финансиски Ве штити од немили настани во случај на болест, повреда или друг немил настан.
Протектор АД е ексклузивен застапник на полисата за животно осигурување ПРОТЕКТОР од Винер Лајф АД
Со полисата која Ви ја нудиме имате вклучено повеќе функции:
– штедење,
– заштита од инфлација,
– животно осигурување,
– заштита од тешки болести на осигуреник,
– заштите од тешки болести на дете.
Дополнително, може да вклучите
– заштита од 1.000+ операции, и
– осигурување во случај на инвалидитет и болнички надомест.
Повеќе информации за сите елементи што ги вклучува нашата ексклузивна полиса и како може да ја добиете за Вас и Вашите најмили, контактирајте нѐ.
Штедна функција во случај на доживување. Доколку настапи тешка болест за времетраење на полисата, се исплаќа осигурената сум во целост и полисата завршува. Она што го издвојува овој производ од останатите е и покритието на евентуално настанување на тешка болест кај Вашите деца (од 3 до 18 години). Во тој случај, се исплаќа 50% од осигурената сума и полисата продолжува да тече непроменета.
Во склоп на ова осигурување може да се вклучат дополнително осигурување во случај на инвалидитет и дополнително осигурување во случај на операции. Во текот на целиот период на штедење, Вашиот живот е осигуран, така што во случај на смрт или на незгода, Вашето семејство ќе биде обезбедено.
Наши партнери
Vienna Insurance Group осигурителна групација со седиште во Виена, е една од најголемите осигурителни компании во Централна и во Источна Европа, со околу 25 илјади вработени и со полисирана премија во висина од повеќе од 10 милијарди евра за 2019 година.
Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број на клиенти да ја подарат својата доверба.
Winner Life во Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.
Осиигурување Македонија АД – Vienna Insurance Group претставува симбол за осигурување, доверба, безбедност и финансиска стабилност. Осигурување Македонија АД е прва осигурителна компанија во земјата. Постои од 1945 година и низ годините беше позната како ДОС, Зоил и Кјуби Македонија.
Денес, Осигурување Македонија АД е дел од групацијата Vienna Insurance Group успешна економска групација.
Она што ја прави оваа компанија различна од другите е: искуството и експертизата; квалитетното осигурително покритие, навремена исплата на обврските кон осигуреникот.
Македонија Осигурување АД работи од областа на неживотното осигурување за физички и правни лица. Нуди осигурителни продукти во областа на осигурувањето на имот, осигурување на лица од несреќен случај, осигурување на моторни возила, транспортно осигурување, осигурување од одговорност и патничко осигурување.
Кариера
Протектор претставува платформа за кариерен развој. Покрај тоа што ќе уживате поголема финансиска слобода, постојано ќе работите на себенадоградување. Кон тоа ќе Ве насочат професионалци со долгогодишно работно искуство во посредување во договори за осигурување, заедно со наши соработници од Австија. На почеток добивате и ментор кој постојано ќе Ви биде достапен и ќе Ве насочува. Добивате можност за градење на сопствен тим. Членовите на вашиот тим ќе работат за вас. Преку Протектор може да создадете сопствена успешна бизнис приказна.
Ако за другите луѓе сакате да направите добро дело. Ако сакате да ги насочите кон планирањето на нивната финансиска слобода. Ако сакате да им помогнете да имаат сигурно трето доба, но и да ги обезбедат своите најмили. Ако сте подготвени за повеќе одбивања, за разочарувања, но ако никогаш не се откажувате затоа што знаете дека тоа ќе вроди со прекрасен плод на крајот на денот, посредувањето во осигурување е вистинска работа за вас!
Доколку сте заинтересирани за динамична кариера, која ќе ви помогне да се развиете како личност, а со доволен труд и упорност ќе ви обезбеди финансиска независност, пополнете го овој прашалник, а ние ќе ве контактираме.